четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Единствена успешна метла која може да исчисти е таа која што ќе го зафати прво Зоран Заев, а потоа и целата криминална багра околу него

Арсовски: Единствена успешна метла која може да исчисти е таа која што ќе го зафати прво Зоран Заев, а потоа и целата криминална багра околу него

Најголемиот скандал на непотизам во историјата на Македонија не смее да заврши само со минорни прекршочни мерки и потоа се да остане како што било до сега. Овде во најмала рака потребна e оставка. Оставката на Тања Ковачев е нешто што најмалку може да го направи таа самата во моментов.
Да потсетиме дека сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Република Македонија, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа. Зетот за сестра, Бобан Јакимовски беше вработен во Водовод и канализација Скопје, а Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката беше поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев сопругот на Тања Ковачев, жената која што ги вработи целата своја фамилија и беше рекорден во непотистички вработувања.“

Според Арсовски срамота е Тања Ковачев да помине само со парична казна од неколку стотина евра.

„Практично сите овие вработени од нејзина страна од нејзиното потесно семејство каде што се утврди дека влијаела, да и ја донираат казната и се ќе си остане по старо. Затоа, потребна е нејзината ОСТАВКА! И на сите други исти како неа кои што влијаеле потребно е да си дадат оставки!“

-Најважно е дека никој од овие луѓе вработени со влијание на Тања Ковачев нема сносено морална одговорност за да си даде отказ од работното место каде што се вработени со влијание на Тања Ковачев. Иако се работи за класичен непотизам кој се гледа од далеку, никој не се одважи од нив да даде отказ. Очигледно парите, високите примања и бенефициите им се послатки од се останато. Очигледно дека овие луѓе немаат срам и воопшто не им значи болката на оние фамилии кои немаат ниту еден вработен во семејството и сите обие фамилии кои што трпат за корка леб. Е тоа е се што треба да знаеме за матрицата и функционирањето на СДСМ кога тие се на власт, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој подвлече:

„Очекуваме дека Антикорупциска ќе се одважи и охрабри ваквите случаи да ги решава онака како што правото, но и моралот и етиката налагаат. Епидемијата на непотизмот на власта на СДСМ не смее да се решава според народната “кучињата лаат, карванот си врви“, бидејќи во сите случаи се работи за огромни пари на граѓаните кои се трошат за натпросечни плати на блиски роднини на функционери на власта на Зоран Заев.“

-Непотизмот, криминалот, корупцијата и злоупотребите на оваа власт на Заев не оддалечуваат од Европа и немаат никаква ама баш никаква врска со европските вредности и принципи за кои што се обидуваат да ги говорат СДСМ. Се дури е овој криминален картел на власт нема напредок за Република Македонија. Единствена успешна метла која може да исчисти е таа која што ќе го зафати прво Зоран Заев, а потоа и целата криминална багра околу него. Нормално тоа се граѓаните кои ќе ги исчистат на наредните избори за избор на влада, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Најнови вести