четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Боинг“ тврди дека поправил грешки во софтверот за моделот 737 Макс

„Боинг“ тврди дека поправил грешки во софтверот за моделот 737 Макс

Боинг соопшти дека завршиле со софтверските измени за проблематичните модели 737 Макс. Производителот на авиони соопшти дека е тестиран софтверот повеќе од 360 часови на 207 летови.

Во несреќите на авиони Боинг 737 Макс на Етиопијан ерлајнс и на Лајон Ер кога загинаа над 250 лица, и анализите покажаа дека автоматскиот систем Maneuvering Characteristics Augmentation System (MCAS)  грешно обработувал податоци со што на пилотите им оневозможувал да го поправат проблемот и да вратат контрола врз авионот.

По несреќата во Етиопија моделите 737 Макс 8 и 9 беа приземјени во светот. Подобрениот софтвер треба да го одобри американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) и нејзини партнери во други држави.