четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Според Манчевски власта ја запоставила економијата за сметка на политиката

Според Манчевски власта ја запоставила економијата за сметка на политиката

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во гостувањето во емисијата „Отворено на Алфа” на прашањето дали власта ја запостави економијата за сметка на политикатa и дали тој лично смета дека потфрлија дел од економските ресори Манчевски одговори:

-Сметам дека во економијата, во било која област секогаш може повеќе. Но кога ја имате водството на владата и премиерот кој е фокусиран на сосема други теми, тоа го зафаќа целиот негов капацитет и ангажман не може да очекувате дека фокусот ќе биде таму. На моите колеги, на економските министри и нив им треба фокусот на целата влада да се сврти кон економските теми, како што треба да се сврти и кон реформи во администрацијата.

Кога клучните луѓе се свртени кон решавање на тие прашања, нормално да се очекува дека во други делови поспоро ќе одат работите, подвлече министерот Манчевски.

Најнови вести