Хрватската и регионална музичка ѕвезда, Северина, синоќа официјално пред јавноста го претстави долгоочекуваниот 13-ти албум „Хало“ во присуство на соработниците, пријателите и фановите.
Со најавата за „земјотресна“ турнеа, Северина ја претстави и својата соработка со компанијата Ракутен Вибер, една од водечките светски апликации за размена на пораки, преку сопствени пакети на Вибер стикери.
-Премногу сум среќна што соработувам со нив, посебно што лично сум обожавателка на Вибер стикерите. Се надевам дека ќе уживате, изјавила Северина.
Погледнете како изгледаат Вибер стикерите со Северина.