Во прилепското село Ново Лагово денеска беше осветена црквата Св. Петка.
Со чинот на осветувањето на црквата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.
На осветувањето на црквата присуствуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Ласкоска.
Инаку, темелите на црквата Св.Петка во село Ново Лагово беа поставени и осветени во 2001 година од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.