недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“

Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“

Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“.

На празникот на Рождество на Пресвета Богородица Црковниот одбор за обнова на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ кај селото Долно Оризари во близина на Велес, денеска во присуство на свештеник од Епархијата Повардарска го одбележа празникот со светење на вода и делење на славски колач.

Присуствуваа голем број на православни верници од населбата Превалец и Велес, како и годинешните кумови.

Благој Јанев Шандуп и неговиот брат Петар Јанев за МИА раскажаа дека црквата ја паметат како деца, која тогаш одржувана од некоја жена се до 60 -тите години на 20 век.

Петре Ставроски од Црковниот одбор за обнова на овој православен храм информира дека тој и неговите сожители околу 20 години правата напори да го изградат, а потоа и да го фрескоживописат овој свет храм кој потекнува од 14 век и за кого има пишан документ дека се викал „Свети Руса“ маченичка која црквата не ја признава, па затоа одлучиле да го носи името „ Рождество на Пресвета Богородица“.

Тој појасни дека црквата тие самите со свои донации и работна сила самите ја обновуваат некаде од 2005 година до денес, а документ за нејзина обнова добиле од 9 јули 2007 година.

Тој информира дека тие затекнале само затрупан храм од кој нашле само стари ѕидови кои се оставени во внатрешноста на црквата и олтар ќе паднал па бил нанови ѕидан. Во внатрешноста на црквата стои и стариот камен под, а од предмети нашле само една брава и клуч.Оваа црква имала и свој црковен имот од 2,05 хектари.

Од Црковниот одбор пред да започнат со обвновата на овој свет храм на увид повикале стручни лица од Народниот музеј во Велес кој ја утврдиле староста на црквата и за кој храм станува збор и што да се зачува, а побарале и пишани документи од Историскиот архив во Велес.

Од Црковниот одбор информираат дека секоја финансиска помош им е добредојдена за поскоро завршување на изградбата односно доградбата на камбанарија и нејзино фрескоживописување.,како и надворешно малтерисување и уредување.

Воедно оттаму ги повикуваат сите православни верници и донатори кои сакаат да дадат парични прилози за целосна обнова на овој свет храм на жиро сметка 200001766930070 во Стопанска Банка.