четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создаде хаос во земјоделието, нема ништо од ветувањата на власта, а земјоделците се понижени и се наоѓаат на работ на егзинстенција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создаде хаос во земјоделието, нема ништо од ветувањата на власта, а земјоделците се понижени и се наоѓаат на работ на егзинстенција

СДСМ создаде хаос во земјоделието во Република Македонија.  Нема ништо од ветувањата на власта, а земјоделците се понижени и се наоѓаат на работ на егзинстенција, ова денеска преку реакција во врска со соопштението на Татјана Прентовиќ  го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ

-СДСМ покажа целосна негрижа за македонското земјоделие и македонскиот земјоделец. Откако е СДСМ на власт земјоделието тоне, како и се останато во државата. СДСМ ветуваше повисоки субвенции, отворање на нови пазари, загарантиран откуп како и повисоки цени за земјоделските производи, но ништо од тоа не оствари.  Субвенциите се намалени, откуп речиси и да немаше, откупните цени беа најниски во историјата на државата, а од новите пазари ни трага на глас. Зоран Заев пред изборите ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи и тоа со повисоки цени, но сведоци бевме како земјоделските производи скапуваа на нивите или беа истурани по улиците и реките затоа што немаше кој да ги откупи, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата тие велат дека не постои земјоделец кој немаше проблеми со откупот. Цените беа понижувачки и ни малку не им ги вратија на земјоделците вложените пари и труд, а камо ли нешто да остане за да се посее следната година.

-Производителите на јаболка ги сечеа дрвјата затоа што откупна цена на јаболкото беше еден денар за килограм јаболко, а на улица завршија и сливите, праските, оризот,  лубеницата, пченицата како и раноградинарските производи. Додека земјоделците мака мачат како да преживеат како резултат на неисполнетите ветувања и неспособноста на власта, министерот за земјоделие Николовски се шеташе во Дубаи и се фалеше како пазарува скапи и брендирани парчиња облека и патики. СДСМ покажа дека воопшто не се грижи проблемите на земјоделците и земјоделието во Македонија.  Земјоделците се жртва на манипулациите и лагите на СДСМ, затоа СДСМ мора веднаш да си замине, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести