Професор во средно училиште во Тенеси е суспендиран после објавување на оваа снимка на која се гледа како на непристоен начин допира ученичка.
Снимка која настанала во понеделникот е објавена на интернет, а на неа се гледа девојче кое стои до професорот, а тој најпрво ја гали по раката, а потоа ја допира по грбот и ја спушта раката на половината.
Снимката е објавена во сторникот а професорот е веднаш суспендиран.
И претходно имало ученици кои се жалеле од него, но никогаш не бил казнуван.
Родителите на девојчето сепак го оправдале професорот и велат дека ја „тешел“ поради смртниот случај кој се случил во нивното семејство, но сепак многумина сметаат дека тој начин е непримерен и бараат построга казна за професорот.