Славниот актер Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“, на Инстаграм гордо објавил фотографија со својата ќерка Симоне Александра.
Тој се топи во прегратката со својата 17- годишна ќерка која само што го завршила средното образование.
„Многу сум горд на својата прва ќерка која заврши средно училиште без никакви проблеми и сега е подготвена за Њујорк Универзитетот“, напишал Двејн на што таа веднаш му одговорила.
-Фала ти што дојде. Те сакам“, напишала Симоне и со тоа го „истопила срцето“ на обожавателите на The Rock кои пронашле уште една интересна тема за дискусија.