петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Музејот на восочни фигури итно поправа скулптура на Двејн Џонсон поради голема грешка

ФОТО: Музејот на восочни фигури итно поправа скулптура на Двејн Џонсон поради голема грешка

Францускиот музеј на восочни фигури Гревин веднаш почнал да ја поправа фигурата на Двејн Џонсон откако тоа го побарал самиот актер, а фановите претходно го информирале дека бојата на кожата на фигурата е посветла од неговата природна.

Музејот Гревин гордо ја откри фигурата на актерот во природна големина кон средината на месецот, брзо предизвикувајќи бран критики од неговите обожаватели.

Најголем дел од поплаките беа за бојата на кожата. Критики имало и за облеката на фигурата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Откако самиот актер објави на Инстаграм, коментирајќи дека „неговиот тим ќе им се обрати на пријателите во музејот Гревин во Париз за да поправат некои важни детали за неговата восочна фигура, почнувајќи од бојата на кожата“, тимот на музејот брзо почна да работи.

Директорот на музејот, Ив Делхоме, изјави за АФП дека неговиот персонал планира да работи „цела ноќ“ за да ја доведе восочната фигура на „очекувањата на обожавателите“.

Тој проблемот со бојата на кожата на фигурата го нарече „проблем со осветлување“, ветувајќи дека ќе го реши.

Најнови вести