петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Солзи радосници и неверување: Двејн Џонсон ја изненадил мајка си со скап подарок за Божиќ

Солзи радосници и неверување: Двејн Џонсон ја изненадил мајка си со скап подарок за Божиќ

Актерот и бизнисмен, Двејн Џонсон заедно со своите ќерки за Божиќ ја изненадил мајка си Ата со скапоцен подарок – нов автомобил, па на социјалните мрежи го споделил емотивниот момент.

„На почетокот беше во шок“, напишал Џонсон.

„Се расплака, а кога во автомобилот ѝ се придружија нејзините внуки, ја преплави неизмерна радост“.

Џонсон, ѕвездата на серијата „Red Notice“, ѝ ги покрил очите на мајка си додека децата одбројувале и на крајот извикале „Среќен Божиќ“.

Ата кога го погледната Кадилакот, во неверување ја ставила раката на уста. Потоа го прегнала синот и му се заблагодарила на изненадувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

„Среќен Божиќ, мамо. Уживај! Те сакаме. Заслужуваш многу повеќе“, напишал актерот кој пред три години ја изненадил Ата со великодушен подарок – ѝ купил нова куќа.

„Јас сум благодарен што за мајка ми, која имаше исклучително тежок живот, можам да направам вакво нешто. Ниту таа, ниту јас не земаме ништо ‘здраво за готово’“, напишал Џонсон, која оваа година има многу причини за славење.

Не само што постигнал голем успех откако на пазарот ја претстави „Teremana Tequila“, туку и неговиот најнов филм „Red Notice“ стана најгледан во историјата на Нетфликс.

Најнови вести