Прв Охрид ОПЕН 2019 турнир кој е дел од официјалниот турнирски систем на МТФ.
МТФ упати голема благодарност до техничкиот организатор ТК Хваранг Фист од Охрид на чело со тренерот Ацо Јосифовски за беспрекорната организација.
На овој турнир учествуваат сите клубови официјални членки на МТФ.
Во своето обраќање претседателот на МТФ Д-р Борче Костовски истакна дека олимпиското таеквондо во Македонија продолжува да биде најбрзорастечки спорт согласно динамиката и врвните резултати кои се остваруваат во континуитет.