петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Истражување: Малите кучиња се поагресивни

Истражување: Малите кучиња се поагресивни

И покрај верувањата дека најагресивни и најопасни кучиња се бул-териерите (пит бул, стафордски териер), доберманите и ротвајлерите, ново американско истражување посочува дека најопасни се малите раси.

Трудот е објавен во списанието „Аплајд енимал бихејвиор сајенс“, а спроведен од Универзитетот на Пенсилванија. Тоа опфатило 6.000 испитаници, сопственици на 33 раси кучиња, и се покажало дека најагресивно куче е – дакелот (познат и како јазавичар).

Според наводите, секој петти дакел гризнал непознато лице или нападнал друго куче, а секој дванаесетти го нападнал својот сопственик. На второ место е чивавата, а трети е „Џек Расел“ териерот.

Најнеагресивни се басетите, златните ретривери, лабрадорите, сибирските хаски и англиските кратковлакнести борзои.

Бул-териерите и ротвајлерите се некаде на средина, а некои и под просекот. Научниците напомнуваат и дека за нападите на оние „големите кучиња“ нај многу се говори оти тие се посилни и поопасни од другите. (МИА)