сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дол: Ме радува силата на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам победа на следните парламентарни избори

Дол: Ме радува силата на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам победа на следните парламентарни избори

На почетокот на Политичкото Собрание на ЕНП, кое денес и утре се одржува во Брисел, претседателот Жозеф Дол ги информираше Делегатите за резултатите на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент.

Дол исто така го информираше Политичкото собрание за резултатите од претседателските избори во Република Македонија.

Тој истакна дека во борба со коалиција од 31 политички партии ВМРО-ДПМНЕ постигна одличен резултат со освоени 46% од гласовите.

Дол нагласи дека посебно го радува тоа што ВМРО-ДПМНЕ покажала голема сила и со оваа тенденција очекува уште подобри резултати и победа на следните парламентатни избори по кои ќе дојде до промена на власта во Македонија и Влада ќе формира ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката на ЕНП за ВМРО-ДПМНЕ во остварување на оваа цел ќе биде континуирана.

Најнови вести