среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Експлозии при снимањето на „Бонд 25“: Неколкумина повредени

Експлозии при снимањето на „Бонд 25“: Неколкумина повредени

Три силни експлозии одекнаа при снимањето на најновиот, 25. филм за Џејмс Бонд, во коишто повредени се неколку членови од филмската екипа и има материјална штета.

Инцидентот се случил при тест на специјалните ефекти со експлозии во Пајнвуд студиото во Бакингемшир, а поради тоа, снимањето е целосно прекинато, јавија британски медиуми.

Најмалку едно лице е сериозно повредено, а експлозиите уништиле дел од покривот и барем пет проекторски платна во комплексот вреден над пет милиони фунти.

На почетокот на мај, снимањето на филмот со работен наслов „Бонд 25“ исто така, беше прекинато, оти главниот глумец Даниел Крејг (51) си ја повреди ногата.

Премиерата е првично закажана за април 2020 година.