Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна, истакна мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, која денеска даде исказ во скопското обвинителство.
-И Ангела и тој што треба да го фатат, тие не треба да излезат од затвор, затоа што човечки ум, поготово на девојка од 22 години да убие свој другар и 6 месеци да си нема гајле, да си спие, да си шета, тоа е нечовек, монструм.
Не знае со сигурност, но се сомнева дека љубомора е причината, односно мотив за убиството.