среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

СРЕЌНА ВЕСТ: Малата Искра која е голем јунак и борец, си замина од болница и конечно е дома (ФОТО)

СРЕЌНА ВЕСТ: Малата Искра која е голем јунак и борец, си замина од болница и конечно е дома (ФОТО)

Малата Искра која е голем јунак и борец, ја напушти болницата и конечно е дома.

По 53 дена престој на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата Систина, си замина да се гушка со мама и тато.

Искра дојде на свет на 9 април со родилна тежина од 1060 грама. За жал, нејзината близначка Ведрана почина.

Ведрана и Искра беа предвреме родени сестри близначки.

По 13 дена од нивното раѓање кај Ведрана настанало влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се поставила дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево ( Dg. Colon Agangionalis ) и сомнение за Цистична фиброза. Индицирана била хирушка интервенција – лапаратомија и истата била реализирана на ден 07.05.2019 година.

За Искра и Ведрана донираа многу граѓани од цела Македонија, а родителите се бескрајно благодарни за хуманоста.