среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски до Филипче: Втор пат дрско се обидувате да ги измамите граѓаните и да испрофитирате лично од сето тоа

Арсовски до Филипче: Втор пат дрско се обидувате да ги измамите граѓаните и да испрофитирате лично од сето тоа

Покрај сите наши јавни обелоденувања на скандалот со тендерот за стерилизација, Венко Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни и целиот тендер го прават скандалозен, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние уште вчера пред отворањето на понудите јавно предупредивме дека тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонети. Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај. Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.  За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо. Истото го чека и здравствениот систем во Република Македонија доколку не се прекине веднаш овој тендер кој го турка Венко Филипче. Највеќе од сето ова ќе страдаат граѓаните и се ќе оди на нивна штета и нивни грб, посочува Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на министерот Венко Филипче: „Втор пат јавноста ве фаќа во лага и во обид да наместите тендер за кој однапред се знаеше кој ќе го добие“.

-Втор пат дрско се обидувате да ги измамите и изманипулирате граѓаните и да испрофитирате лично од сето тоа. После ваква втора грешка редно е да си дадете оставка веднаш и да не ја чекате метлата и да заминете од министерската функција. Граѓаните не смеат да бидат робови на вашата неспособност и на вашите криминални нагони.  Се покажа и докажа уште еднаш дека на Венко Филипче воопшто не му е важно здравјето на 2 милиони граѓани, туку поважно му е некој да се офајди дебело од неговите тендери, посочи тој.

Најнови вести