среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Филипче веднаш да објасни која е поврзаноста помеѓу него, луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај

Арсовски: Филипче веднаш да објасни која е поврзаноста помеѓу него, луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај

Венко Филипче молчи за скандалозниот тендер за стерилизација, реагира Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Целата јавност виде како се фаворизираат и местат тендери во Владата на Република Македонија конкретно по втор пат во Министерството за здравство. За жал тендерот за стерилизација не е прв пример како јавно се местат тендери за компании по мерка на министрите, а за жал нема да биде ниту последен. Венко Филипче после ваков јавен блам каде што целата држава знаеше кои луѓе и фирми од Албанија ќе го добијат тендерот за стерилизација во здравството треба уште веднаш да си поднесе оставка и не треба да ја чека метлата. Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација. Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании,посочува тој.

Арсовски открива дека истиот тој Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

-За фирмите поврзани со Илир Рапај кои вршат стерилизација во Албанија веќе се води истраги. Стерилизацијата во Албанија крахираше. Медиумите таму секојдневно пишуваат за лошото искуство со овој тип на стерилизација, а конкретно за лошото искуство со фирмите и со бизнисменот Илир Рапај.         Монопол за стерилизацијата не смее да има во Република Македонија. Граѓаните највеќе ќе страдаат и сето ова ќе оди на нивен грб и нивна штета. Затоа, Венко Филипче уште веднаш да си даде оставка и да ги тргне криминалните раце од здравството, истакнува Арсовски.

Најнови вести