Даниела Дворник (52) на својот Инстаграм профил ја објавила љубовната порака која ѝ ја оставил нејзиниот сопруг, покојниот музичар Дино Дворник.
На пораката која е напишана на лист хартија пишува „Отидов во Госпич. Те сака Дино“.
-Тогаш немаше мобилни телефони, но имаше пораки напишани со раце. Ги пишуваше секаде, на позадина на фотографии, на сметки, изгужвани листови, договори. А немаше само кратки пораки, имаше и песни, особено после расправии. Кога дојдоа мобилните телефони и СМС пораките, ме “убиваше“ со пораки, напишала Даниела Дворник.
Еве како изгледала љубовната порака на Дино Дворник посветена на Даниела Дворник.