четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Серијата сервирала лага: Научникот кој прв влегол во Чернобил не криел ништо, ова е вистината за него (ВИДЕО)

Серијата сервирала лага: Научникот кој прв влегол во Чернобил не криел ништо, ова е вистината за него (ВИДЕО)

Рускиот научник кој прв влегол во Чернобил откако настанала хаваријата со нуклеарниот реактор излегува со нови тврдења.

Тој се вика Валериј  Легасов, а неговиот лик е на почетокот на истоимената серија која деновиве е многу популарна насекаде во светот.

Како е прикажан пред светот?

Во серијата е прикажан како самотник кој во Москва живее во својата мачка. Тој на стар касетофон ги снима своите сеќавања за несреќата и касетите завитакни во весници ги крие за да не ги најдат агентите на ККБ.

Потоа тој се враќа во својот стан, ја нахранува мачката, пали цигара и се самоубива.

Семејството демантира!

Како што раскажува неговата ќерка Инга, ништо од ова не е точно. Легасов бил еден од најголемите научници во поранешниот Советски сојуз. Откако се случила трагедијата од страна на тогашните власти бил испратен во советската република  Украина да ја спречи натамошната трагедија. Наместо две недели колку што максимално било дозволено, тој останал во Чернобил четири месеци, постојано ги надгледувал нукеарните погони за да ја открие причината.

Бил изложен на радијација од 100 рема, четири пати поголема од максималната доза од 25 рема. Набргу почнал да ги покажува првите знаци на радијацијата, потемнување  на кожата, губење на косата, кашлање и несоница.

-Нему главна цел не му беше оправдување, критика на Советскиот сојуз или пак сокривање на информации туку едукација што треба да се прави во такви ситуации-раскажува неговата ќерка.

Не се криел, бил наградуван!

Во 1986 година тој би повикан од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија бо Виена да го претстави својот извештај за катастрофата. По смрта во 1988 година, во 1996 година тогашниот руски претседател Борис Елцин постхумно го наградува со орден за заслуги.