понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Не само што ги нема ветениот аква парк и затворен базен, туку Штип стана град без базен!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Не само што ги нема ветениот аква парк и затворен базен, туку Штип стана град без базен!

Не само што ги нема ветените аква парк и затворен базен, туку Штип стана град без базен!, ова денеска преку прес-конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Очекувањата на граѓаните беа големи, но од година в година спласнуваат како издишан балон. Оваа година е неизвесно дали нашите сограѓани ќе се рекреираат во импровизиран базен, во кој демне сериозна опасност од болести или несреќи, или за прв пат после 70 години, во Штип ќе нема место за разладување на летните горештини, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Од партијата додаваат дека штипјани со ништо не заслужија ваква локална самоуправа, која не се погрижи граѓаните да имаат место за релаксација.

-И после две години градскиот татко не може да најде начин и да им овозможи на нашите сограѓани соодветен базен, па затоа се приморани да патуваат во соседните градови. Аква паркот и затворениот базен се мета на потсмев, затоа што општината не може да обезбеди обичен базен, а не нешто повеќе, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.