недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за тепачката на базенот во Штип

МВР со детали за тепачката на базенот во Штип

Видео снимката на која се гледа како мажи и жени се тепаат на Градскиот базен во Штип стана вирална на социјалните мрежи.

Курир побара информација од Министерството за внатрешни работи дали кај нив има пријава за настанот.

-На 17.07.2023 во 16.10 часот во Полициската станица Штип, Е.Н.(25) од с.Бучим, радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во одговорот на МВР.