среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заврши драмата во Кисела Вода: Пожарот изгаснат, станарите извадени од зградата

Заврши драмата во Кисела Вода: Пожарот изгаснат, станарите извадени од зградата

Заврши гаснењето на пожарот во зградата која гореше во Кисела Вода, како и спасувањето на станарите.

Густ чад  и пламен ги вознемирија попладнево жителите на скопската населба Кисела Вода.

На улицата „Народни херои“ зграда 23, пожарникарите водеа битка со огнените јазли.

Иако пожарот избувнал од стан во првиот влез на зградата, густ чад и миризба се чувствуваат и во другите два влеза, вториот и третиот.

Како што неофицијално дознава КУРИР, повредени се две лица – пожарникар и една станарка.

Неколкумина се пренесени во болница поради голема количина на вдишан чад по пожарот.

Од Противпожарната бригада соопштија дека во гаснењето на пожарот учествувале вкупно 11 возила, како и тоа дека пожарот е локализиран и ставен под контрола.

Од таму соопштија дека се спасени и евакуирани сите станари кои во моментот се нашле во зградата.

Најнови вести