недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две жирафи угинаа по удар од гром во зоолошка градина

Две жирафи угинаа по удар од гром во зоолошка градина

Две жирафи угинале во зоолошка градина во САД, откако биле погодени од гром, што е редок, но трагичен случај, јавуваат американските медиуми.

Настанот се случил на почетокот на мај во паркот „Лајон кантри сафари” на Флорида, но резултатите од аутопсијата за причината за смртта на жирафите беа соопштени бури сега, по повеќе од еден месец од немилиот настан.

– Со длабоко жалење соопштуваме за смртта на две од нашите прекрасни и харизматични жирафи, се вели во соопштението на зоолошката.

Животните – 10-годишната женка Лили и едногодишниот мажјак Џони, се наоѓале на своето пасиште во рамки на зоолошката градина, кога одненадеж се појавила бура, па не успеале да се засолнат од кобната молња.