Дваесет членови на иста фамилија, меѓу кои и шест деца, загинаа денеска во судар на два автобуса на север на Филипини, одејќи на Божиќна миса.
Мал автобус што превезувал луѓе удрил во голем автобус во градот Аго, на 200 километри северно од Манила, соопшти полицијата.
Дваесет луѓе кои загинале биле од малиот автобус кој ги водел на рана миса во црквата Манаоага. Девет луѓе се повредени од тоа возило, како и 17 патници од големиот автобус.