вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЕ СУДРИЈА ДВА ПАТНИЧКИ ВОЗА: Една жена загина, 22 лица повредени, меѓу нив и 3 деца (ФОТО)

СЕ СУДРИЈА ДВА ПАТНИЧКИ ВОЗА: Една жена загина, 22 лица повредени, меѓу нив и 3 деца (ФОТО)

Во судар на два патнички воза во близина на местото Никласдорф во австриската покраина Штаерска, загина една жена, а повредени се 22 лица.

Жената која загина најверојатно беше патничка во возот кој се сообраќаше од Грац кон германскиот град Сарбрикен.

Во железничката несреќа се судрија воз на Еуросити, што сообраќаше од Грац кон Сарбрикен и локален воз.

Меѓу повредените има и три деца.

При сударот неколку вагони излетаа од шините.

Се уште не е позната причината за железничката несреќа.