недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Корупцијата се шири, а властите инертни

Корупцијата се шири, а властите инертни

Демократска држава може да биде стабилна ако е ефективна и легитимна, со почит и поддршка на нејзините граѓани, вака започнува Извештајот за почитување на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупција од страна на државава, кој пак е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Заклучоците наведени во документот велат дека нема транспарентност на државните институции, непочитување на домашната регулатива, недоверба во институциите и слично. Во време кога дури 88% од фирмите со искуство од учество на тендериизјавуваат дека во јавните набавки има корупција, жалби се доставуваатсамо на околу 3% од објавените огласи за јавни набавки.

Меѓу трите главни причини поради кои никогаш или ретко ги обжалуваат тендерите на коишто учествуваат, фирмите ги наведуваат: високиот надоместок за жалбената постапка (45%), недовербата кон Државната комисија за жалби по јавни набавки (41%), како и стравот од реваншизам (9%).

Овие податоци се наведени во Извештајоти се илустрација за ситуацијата во државава. Оттука следат и препораки за надлежните што значи дека институциите кои работат на спречување на корупцијата се инертни, односно не си ја вршат работата.

Што препорачува Извештајот?

Прво, подобрување на танспаретноста на државните институции како основен предуслов за намалување на корупцијата во која која област.

Второ, вклучување на сите засегнати страни во креирањето политики од значење за превенција и репресија од корупција.

Трето,зголемена свест кај државните институции за отчет за нивнотоработење, како основа за редовно следење од страна на граѓаните заначинот и за обемот на исполнување на надлежностите од делокругот на своето работење.

И четвртиот и последен Целосна и неселективна примена на регулативата што означува дека тоа што е де јуре треба да биде спроведено и де факто за да можеме да обезбедиме правна сигурност, како за физичките така, и за правните лица.

Податоците кои се содржани во Извештајот се собирани во периодот од септември 2018 до април 2019 година.

Прецизно, станува збор за Извештајот во сенка за вториот процес на ревизија на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата во државава подготвен од МЦМС.

Издадена е и публикација која е дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“, поддржан од Европската унија.

Најнови вести