вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Дамјан Манчевски во изминативе две години ја спроведоа најголемата политизација и партизација на институциите

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Дамјан Манчевски во изминативе две години ја спроведоа најголемата политизација и партизација на институциите

Зоран Заев и Дамјан Манчевски во изминативе две години ја спроведоа најголемата политизација и партизација на институциите, ова стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

-Под палката на Заев се одобруваа и вработуваа синот, братот и сопругот на Мира Дизел, синот, снаата и братот на Милева Ѓоргиева, ќерката на Татјана Лалчевска, братот на Славица Шуманска и уште стотина функционери кои си ги вработија своите роднини во јавната администрација , за кои и ДКСК констатираше влијание при вработување. СДСМ ја спроведе најголемата партизација во Македонија, институциите се преполнети со лица привремено вработени, а  во неколку илјади се бројат и договорите на неопределено време кое ги штанца актуелната власт за своите партиски активисти, стои во реакцијата.

Од партијата додаваат додека Заев ја полни администрацијата со свои партиски активисти, во исто време брка од работа политички неистомисленици. Зоран Заев и Дамјан Манчевски да престанат да ја упропастуваат европската  иднина на Македонија.

-Македонија има потреба од вистински реформи и европски закони, а не решенија за партизација и политизација, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести