среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Криминалната дружина на Заев сака да располага со парите на граѓаните- тој потврди дека метлата е само маска и козметичка операција“

„Криминалната дружина на Заев сака да располага со парите на граѓаните- тој потврди дека метлата е само маска и козметичка операција“

Од Метлата на Зоран Заев остана само правта која ја кренаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега Заев се премисли и вели економскиот цунами министер Тевдовски бил добар ама Заев повеќе ја сакал функцијата министер за финансии, а ја сака за парите со кои сака да располага тој и неговиот брат Вице Заев. Криминалната дружина на Заев сака да располага со парите на граѓаните. Тој потврди дека метлата е само маска и козметичка операција, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Заев лаже кога вели дека минатата година била интеграциска затоа што ниту таа ниту оваа година Македонија не доби датум за преговори со ЕУ, исто како што оваа година не е економска за што говори исклучително нискиот степен на капитални инвестиции од само 13 проценти за цели 5 месеци. Значи со СДСМ и Заев зборот не важи туку зборот лажи“.

Ова не е едно општество за сите, потенцираат од партијата, туку општество каде има провизии за Заеви, а беда за сите.

-Непобитен факт е дека криминалецот Заев тоне секој ден се повеќе и повеќе. Зоран Заев не спомна ништо за тврдењата на доскоронешниот советник Јовановиќ кој кажа дека има криминал во владата лоциран кај потпретседателот Анѓушев ниту пак нешто за неговиот доскорешен заменик министер за образование кој призна капитулација во образование. Зоран Заев тргна во заштита на неговиот градоначалник пулен Курто Дудуш кој одговорноста ја врзува со наводна истрага која треба да ја води обвинителството на Рускоска и министерството на Спасовски кој видовме како фалсификува записник само за да го амнестираат од одговорност.

Најнови вести