сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Чернобил “врие“ од туристи: Наместо на летен одмор на плажа, луѓето одат на местото на смрт и трагедија

Во Чернобил “врие“ од туристи: Наместо на летен одмор на плажа, луѓето одат на местото на смрт и трагедија

Откако серијата „Чернобил“ го заинтригира целиот свет, на местото на нуклеарната катастрофа цвета туризмот.

Илјадници луѓе од сите делови на светот сакаат да го видат местото на најголемата нуклеарна катастрофа на електраната Чернобил.

Во градот Припјат, кој во времето на дефектот на нуклеарната електрана имал 600.000 жители, се е оставено како кога се евакуирале во 1986-та година.

Чернобил е отворен во 2011-та за туристи, но до сега таму одеа само групи авантуристи.

Наместо на летен одмор на плажа, луѓето одат на местото на смрт и трагедија, каде илјадници загинаа од радиоактивното дејство на нуклеарната централа, која изгоре во најголемата хаварија во историјата.