четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Оваа влада не е способна да се справи со мигрантска криза

Ѓорчев: Оваа влада не е способна да се справи со мигрантска криза

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница изјави дека оваа влада не е способна да се справи со мигрантски бран,  и притоа да успее да ги зачува мирот, безбедноста и стабилноста на државата.

Ѓорчев посочи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  успешно се соочи со мигрантската криза кога низ Република Македонија во најголемиот бран поминаа повеќе од 1,5 милиони луѓе и во тие моменти успеа да ја задржи стабилноста на државата и најде начин да им помогне на тие луѓе да има хуманитарен пристап и да им подаде рака зачувувајќи ги мирот и стабилноста.

– Но не сум сигурен дали тоа Република Македонија може да го направи тоа сега, затоа што гледаме дека се зголемуваат мигрантските движења, а од друга страна изостанува реакција и превентивно дејствување на институциите, потенцираше Ѓорчев

Најнови вести