четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта цензурира: Џафери ги исклучи микрофоните кога Ѓорчев зборуваше за Курто Дудуш

Власта цензурира: Џафери ги исклучи микрофоните кога Ѓорчев зборуваше за Курто Дудуш

Талат Џафери по кој знае кој пат повторно ги цензурира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го одзема правото на збор во Собранието.

На денешната собраниска седница за реконструкција на владата, Џафери ги исклучи микрофоните кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев зборуваше како Курто Дудуш  измачува и тероризира граѓани, а никој од владата не реагира, туку напротив го штитат.

-Ќе го спомнуваме Курто Дудуш затоа што нема кривична пријава, затоа тепа луѓе, затоа што во Шуто Оризари се случува терор, Елвис Бајрам беше претепан му беше скршен черепот, а истиот насилник градоначалник сега тепа луѓе во својата канцеларија и никој од владата не мрда и затоа што власта го штити, изјави Ѓорчев.

После овие зборови Џафери ги исклучи микрофоните и не му дозволи на  Ѓорчев да го заврши своето обраќање.

Очигледно е дека веќе му прерасна во навика на Џафери да ги цензурира пратениците секогаш кога нема да му се допадне тоа што го зборуваат.

Најнови вести