Незадоволството од министерот за култура не прекинува. Посебно деновиве откако се оболодени колку средства за која област има. Јана Манева Чупоска истакната професорка, ликовен уметник, ќерка на Коле Манев, познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, никогаш не заземала страна, но сега очигледно е револтирана од состојбите во културата.
-Ах ..култура..пoмалку конкурси..памалку финансии .. .да собереме по некоја трошка….!!!! Да имаме за лепче и солца…., коментира Манева на својот Фејсбук профил.
Таа укажува дека годишната програма на Министерството за култура за финасирање на проекти за 2018 година на годинашниот конкурс пристигнале 2066 проекти – 500 проекти повеќе, или над 25% повеќе апликации отколку во претходните две години (за споредба, во 2016 година беа пристигнати 1556 проекти, во 2017 година 1593 проекти).
Според Манева тоа покажува зголемена доверба во институцијата и нејзин успех во популаризацијата на конкурсот во јавноста.
-Мое мислење за ова….Ако статистичката логика на Министерството за култура дека имаме повеќе од 25% повеќе апликации одминатите години (дајте повеќе не спомнувајте што било претходно разбравме дека биле за никаде…сега треба да е подобро..нели..одговорноста е сега само ваша ??.) дали е во ред повторно да се пласира тезата дека со 30.000 денари може да се реализира една самостојна изложба…..СЕКАКО ДЕКА НЕМОЖЕ…НИКАКО…..!!!!! Тоа што имало повеќе апликации требало нешто друго да ви каже дека сме жива сиромаштија во која ликовната фела очајно бара спас … а не дека сме заљубени во министерството…Ликовните автори се фрлени на маргините….се фрлаат трошки за нас…и тоа само за ликовната дејност нашата фела е за жалење…но тука и самите ние уметниците сме заспани молчиме…е па…тоа е …неначекаа…., укажува Манева.
Според неа комисијата не може да распределува средства според родова еднаквост, етничка и географска карактеристика.
-Ве молам каква е таа уметност за родова застапеност…..или географска???? Етничка????? Па нели го знаеме основното правило во уметноста, а тоа е дека има само добра и лоша уметност..каква е таа уметност со која комисијата ја имала во предвид да се финансира според родова еднаквост????? Да не е тоа можеби работа на Министерството за труд и социјала????, прашува професор Манева.
На крај таа заклучува „колку што се сеќавам сееее… требаше да биде поразлично….ама изгледа грешка сум….“