среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел го поздрави ставот на Г-20 за климатските промени

Меркел го поздрави ставот на Г-20 за климатските промени

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги поздрави лидерите на Г-20 кои успеаја да останат при заедничкиот став за климатските промени од последниот самит во Аргентина и тоа што 19 земји се обврзаа да го почитуваат Парискиот климатски договор, освен САД кои останаа против.

– Овој процес не може да се смени, рече Меркел на крајот од дводневниот самит на Г-20 во Осака.

Таа додаде дека некои лидери во Осака веќе ја најавиле својата подготвеност да ја зголемат заложбата за намалување на емисиите на гасови на нула до 2050 година.

Ангела Меркел, исто така, го пофали договорот на ЕУ и на латиноамериканскиот блок Меркосур за создавање најголема зона за слободна трговија во светот по 20 години преговори.