четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен кој е симбол за криминал и корупција е Зоран Заев и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен кој е симбол за криминал и корупција е Зоран Заев и СДСМ

Единствен кој е симбол за криминал и корупција е Зоран Заев и СДСМ, ова преку реакција го истакнуваар од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е единствен премиер во Европа кој неколкукратно е аболициран за криминал. Семејните фирми на Заеви во време кога Зоран Заев е премиер забрзано го заземаат пазарот, а пред неколку месеци влегоа и во бизисот со марихуана. Кочо Анѓушев, вториот човек во владата е синоним за тендер политичар. Драги Рашковски станува синоним за коруптивност. Информациите кои излегоа во јавноста говорат дека тој мести тендери за награди, стои во реакцијата.

Од партијата додаваат дека целата влада на Заев е криминална.

-Граѓаните не видоа ништо добро од СДСМ. Земјоделското производство е на колена. Земјоделците немаат ни за леб. Производите наместо за продажба завршуваат на буниште, затоа што нема откуп. Зоран Заев и СДСМ не ја уживаат поддршката кај граѓаните, тоа го покажуваат анкетите, а го знае и самиот Заев. Време е СДСМ да си замине, се наведува во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести