петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Само еден човек смеел на кралицата да ѝ се обрати со „Елизабета“

Само еден човек смеел на кралицата да ѝ се обрати со „Елизабета“

Кралскиот протокол наложува на британската кралица сите да ѝ се обраќаат на одреден начин, посебно ако тоа го прави некој кој не е член на кралското семејство. Сепак, постоела една личност која ѝ се обраќала по име.

Кралскиот стручњак Ричард Фицвилијамс објаснува дека ретко некому кој се сретнува со кралицата Елизабета му е дозволено да ѝ се обраќа по име. Фицвилијамс открива дека човекот кому му било дозволено да ја вика Елизабета, е некој кому таа му се воодушевувала, а тоа бил Нелсон Мендела.

Според Зелја ла Гранж, личната систентка на господинот Мендела, односот меѓу него и кралицата се сметал за необичен и исклучителен, а таа тврди дека сето тоа било изненадувачко.

„О, Елизабета, би рекол кога би ја поздравил и таа би одговорила, Здраво, Нелсоне. Мислам дека беше еден од ретките кои ѝ се обраќаа по име и тоа беше забавно“, вели Гранж.

Мендела и кралицата биле толку блиски што во текот на неговата посета на Велика Британија тој себеси си дозволил да рече: „Елизабета, малку сте ослабела!“, на што таа делувала видно задоволна.