недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најлоши поплави во последните 30 години, а прогнозата вели дека ќе биде полошо: Загинаа 12 лица, 4.000 куќи под вода во Сибир

Најлоши поплави во последните 30 години, а прогнозата вели дека ќе биде полошо: Загинаа 12 лица, 4.000 куќи под вода во Сибир

Руската Влада соопшти дека 12 лица загинале, а девет се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југоисточен Сибир.

Вицепремиерот Виталиј Мутко на владин состанок рече дека потрагата по исчезнати лица е во тек и оти 153 лица се хоспитализирани.

Поплавите следеа по обилните дождови и погодија 55 градови и села во регионот Иркутск. Мутко информира дека четири села сé уште се отсечени, но оти имаат доволно храна и други неопходни намирници.

Според Министерството за вонредни ситуации, повеќе од 4.000 куќи биле поплавени.

Прогнозата не е поволна бидејќи се очекуваат уште дождови, па водостојот нема да опадне ни утре.