Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели беа во потрага целото време, но за жал случајот заврши трагично.
Додека Маја со сите сили и можности трагаше по своето исчезнато дете, како што вели таа, во секторот за потраги и исчезнати лица, не мрднаа ни со малиот прст. На ожалостената мајка и спуштале слушалки, за што, како што вели таа поседува и видео снимка, а исто така и одговарале на непрофесионален начин, кога прашувала дали има некаква трага од незиното исчезнато дете.
Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Маја Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица.
Телото од Пино беше најдено на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.