Оваа шума е популарна меѓу планинарите и љубопитните луѓе, но најголем број од луѓето што влегуваат во неа, назад не се враќаат.
Во подножјето на планината Фуџи во Јапонија се крие мрачна тајна. Тоа место на стравот и ужасот е познато под името “море на дрва” и “шума на смртта”, бидејќи властите таму секоја година наоѓаат околу 100 тела на самоубијци.
Тоа е место на кое Јапонците најчесто вршат самоубиства, а зошто е тоа така никој не знае.
Жртвите во најголем број се мажи, а за спомнување е тоа што самоубиството во оваа земја се смета за “чесен чин”, бидејќи државата има повеќе од 127 милиони жители.
Секоја година животот си го одземаат 30.000 луѓе.
Шумата Аокигахара се простира на 30 квадратни километри на северозападниот дел на планината Фуџи во Јапонија.
Уште од 1950-тите, јапонските бизнисмени знаеле да „залутаат” во шумата и никогаш да не излезат. Во минатото ова место служело за практикување на јапонскиот обичај убасуте, односно оставање на стари и изнемоштени членови од семејството да умрат на зафрлени места.
Јапонската полиција на дрвата поставила знаци лицата да ги контактираат пред да се одлучат на фаталниот чекот.
Постојат и многу кои веруваат дека дрвата ги попречуваат оние кои ќе влезат во Аокигахара да излезат од неа. За сето тоа придонесува и тоа што компасите не работат во оваа шума.