вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев оствари средба со Сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во ОБСЕ

Ѓорчев оствари средба со Сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во ОБСЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, се сретна со сенаторот Роџер Викер, шеф на делегацијата на Сенатот на САД во Парламентарното Собрание на ОБСЕ.

Ѓорчев, како шеф на македонската делегација, го информираше сенаторот Викер за актуелните состојби во Македонија.

Двајцата соговорници се согласија за важноста и значењето на НАТО за мирот и безбедноста во Европа.

Ѓорчев истакна дека сенаторот е пријател на нашата земја, нагласувајќи дека Македонија и САД се пријателски земји кои градат силно сојузништво.

Пратеникот Влатко Ѓорчев е шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија во парламентарното Собрание на ОБСЕ.

Ѓорчев учествува на годишната сесија на ПС на ОБСЕ која што се одржува во Луксембург на која ќе има свое обраќање и повеќе билатерални средби.

По средбата, Ѓорчев на социјалните мрежи напиша:

„Сенаторот Викер е шеф на делегацијата на Сенатот на САД во ПС на ОБСЕ, а јас сум шеф на македонската делегација.

Го информирав за актуелните состојби во Македонија. Сенаторот Викер е пријател на Македонија и силен поддржувач на НАТО.

Со сенаторот Викер се познаваме веќе 8 години и секогаш е добро да се разговара со него. Му го честитав 4-ти јули, денот на независноста на САД.

Ќе продолжиме да работиме на пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД„-објави Ѓорчев.

Најнови вести