Во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување.
Членови на комисијата се:
– Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата,
– Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Македонија,
– Фехми Стафа, државен правобранител на Република Македонија,
– Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора на Република Македонија,
– Темелко Ристевски, универзитетски професор,
– Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд,
– Божин Аврамовски, судија во пензија,
– Ерол Рушид, лекар,
– Зора Митиќ, лекар,
– Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права, и
– Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.
Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство.