Четири тигри до смрт го растргнаа светски познатиот скротувач Еторе Вебер (61), додека се подготвувал за настап во циркусот Орфеј во близина на италијанскиот град Бари.
Скротителот вежбал точка, кога еден од тигрите го соборил. Потоа му се нафрлиле и другите тројца и го распарчиле.
Според италијанските медиуми, тигрите потоа си играле со деловите на телото на Вебер, на ужас на вработените од Итната помош.
Соработниците на Вебер се обиделе да ги растераат тигрите, но безуспешно.
Истрагата треба да покаже како дошло до нападот , а во моментов не се знае судбината на тигрите.