Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова на денешната собраниска седница побара власта да дозволи да се дебатира за проблемот со Охрид во Собранието и да не бега од дебата.
-Пармалентарното мозинство сака по не знае кој пат да ја замолчи опозицијата и да го тргне внманието на јавноста од проблемот со Охрид, како и новите проблеми кои се отвараат со предлоложеното законско решеније, на тој начин што се закажува комисија пред почеток на пленарна седнца, истакна Манаскова.
Манаскова побара од Џафери и посебна пленарна седница каде ќе се дискутира за проблемот со Охрид.
-Господине Џафери, од вас бараме да покажете одговорност, бидејќи очигледно СДСМ не ја чувствува и да закажете во следните десетина дена посебна пленарна седница, само за овој закон, додаде таа.