Двајца параглајдеристи од Украина, машко и женско, денес попладне паднале на планината Галичица од Албанска страна.
МВР се понудило да испрати хеликоптер со цел побрза акција за спасување.
За кратко време, екипа на специјалната Полиција заедно со еден наш хеликоптер, успеале да ги извлечат параглајдеристите живи и да ги пренесат во Охрдиската болница Св. Еразмо.
Повеќе детали за овој настан се очекуваат во утрешниот ден.