недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за вработен во Националниот парк „Галичица“, еве што направил

Кривична пријава за вработен во Националниот парк „Галичица“, еве што направил

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

Тој, од 2020 година, во својство на службено лице- вработен во Националниот парк „Галичица“, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера“, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација.