недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец „фалсификувал исправа“ и заработил кривична пријава

Прилепчанец „фалсификувал исправа“ и заработил кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против З.А.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот набавил фалсификувана словачка возачка дозвола на негово име и ја дал на увид при пасошка контрола на Граничен премин Табановце, каде што од полициски службеници било констатирано дека е фалсификат.