На прашањето „Дали како што вели премиерот Заев дека Катица Јанева е каменот на сопнување“? портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вели дека самиот Заев вели дека Катица Јанева е каменот на сопнување.
–Ја слушнав изјавата на Зоран Заев дадена веднаш по овие афери но јас мислам дека на Зоран Заев повеќе нема човек што може да му верува во оваа земја. Затоа што човекот е пред се дефокусиран, самиот вели сега дека Катица Јанева е каменот на сопнување, минатата недела слушнавме министерската за правда која што рече дека воопшто тоа не станува збор дека Катица Јанева треба да остане на местото Специјален јавен обвинител. Така што апсолутно не станува збор за тоа, туку станува збор за овие суштински разлики, а тоа е разликите по принципите врз кои што треба да се темели еден закон за јавно обвинителска сфера која што треба да го издржи тестот за следните десетина години. Така што името на Катица Јанева воопшто не станува збор во вакви разговори, а Зоран Заев редно е да се посвети на она што е важно, а тоа е да одговара пред јавното обивнителство, вели Стоилковски.