сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пoсле вирaлниoт хит „Љубaви“, зa Пендаровски немa ниту вoдa (ВИДЕО)

Пoсле вирaлниoт хит „Љубaви“, зa Пендаровски немa ниту вoдa (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски е во Сараево, каде учествува на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Тој оствари билатерални средби со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со колегата од Албанија, Илир Мета и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На почетокот од состанокот на македонската и бугарската делегација, како што може да се види од видео снимката која на својот Фејсбук профил ја објави бугарскиот премиер Бојко Борисов, претседателот Пендаровски, на шега, се пожали дека протоколот го оставил без вода.

  • Пендаровски: Само за мене нема вода, а?
  • Борисов: Има бе, како да нема.

Во тој момент, шефот на Кабинетот, Миле Бошњаковски му ја дава својата чаша и шишето вода на претседателот Пендаровски.

 

ИЗВОР: 360 СТЕПЕНИ

Најнови вести