недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собраниска делегација во работна посета на Вашингтон

Собраниска делегација во работна посета на Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе престојува во работна посета во Вашингтон – САД, каде ќе присуствува на Парламентарен форум за лидерство што ќе се одржи утре и задутре во Вашингтон.

Форумот, како што соопшти собраниската прес-служба, е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата.

Заедно со Џафери во делегацијата се и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Република Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. (МИА)

Најнови вести